Blog
Во салонот на Mercedes-Benz пристигнаа новите GLE и GLE Coupe
Во салонот на Mercedes-Benz во рамките на Мак Аутостар пристигнаа освежените GLE и GLE Coupe кои со себе носат многу технолошки новитети.
На европскиот пазар освежените GLE и GLE Coupe ќе се нудат исклучиво со електрифицирани погони – и тоа во лајт-хибридна или плаг-ин хибридна варијанта. Благите хибриди доаѓаат во форма на GLE 450 4Matic кој користи 3-литарски турбо-бензинец кој испорачува 381 коњска сила и 500 Nm вртежен момент, кој пак добива електрично „зајакнување“ од дополнителни 20 коњски сили и 200 Nm вртежен момент.
Понатаму, тука се дизелските GLE 350d и GLE 450d. Основниот дизел користи 2-литарски турбодизел кој соработува со ист ваков електромотор но комбинира 269 коњски сили и 550 со електричните 20 коњски сили и 200 Nm, додека поголемиот GLE 450d комбинира 3-литарски турбодизел кој испорачува 367 коњски сили и 750 Nm со дополнителните 20 коњски сили и 200 Nm.

