ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ
Друштво за монтажа и сервисирање на електротехнички производи и услуги ДОГ СЕКЈУРИТИ ДООЕЛ Скопје обезбедува враќање на производи и средства единствено за производите кои се купени и платени од https://www.dogsecurity.mk/под долу наведените услови:
Производот, кој е неотпакуван и неупотребуван може да се врати во рок од 7 дена, заедно со приложената фактура и испратница и истиот може да го замените со нов. Во овој случај, Ве молиме да не информирате за Вашето барање и да го доставите на адреса: Друштво за монтажа и сервисирање на електротехнички производи и услуги ДОГ СЕКЈУРИТИ ДООЕЛ Скопје, ул. Првомајска ББ, Кисела Вода – Скопје.
Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура и испратница во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе Ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот, со задршка на трошоците за банкарски провизии и пакување. Паричните средства за поштарина не ви се враќаат..
Во случај кога ќе се забележи дека производот е користен, отпакуван (изваден од амбалажа) или е оштетен, но не од наша страна, тогаш износот на вратените средства ќе биде намален од 50-80% од цената на чинење.
Друштво за монтажа и сервисирање на електротехнички производи и услуги ДОГ СЕКЈУРИТИ ДООЕЛ Скопје има резервирано право да ја менува политиката за враќање на производи и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб сајтот https://www.dogsecurity.mk/. Нашата политика за враќање на производ и парични средства е достапна на нашиот веб сајт. Ви препорачуваме при секоја посета на веб сајтот да ги погледнете објавените измени од политиката за враќање.
ИСПОРАКАТА
Испораката на пратките кои се купени преку онлајн продавницата ги праќаме со брза пошта – Тотал Пост Логистик. Тоа го правиме во ваше име и на ваша сметка.
Рокот на испорака е од 3 до 5 работни дена.
Овој рок зависи од вашето место на живеење и е во надлежност на Тотал Пост Логистик.
Друштво за монтажа и сервисирање на електротехнички производи и услуги ДОГ СЕКЈУРИТИ ДООЕЛ Скопје се оградува од секакви рекламации во врска со доцнење на испораката на производите.