Автомобили

Volkswagen потврди дека новиот Passat Variant ќе дебитира во Август

Volkswagen во моментов ги финализира последните тестирања на новиот Passat Variant и потврди дека новиот караван ќе биде претставен во Август.

 

Новиот Passat Variant ќе биде претставен на крајот на Август, но Volkswagen веќе објави фотографии од новиот каравен – камуфлиран, секако. Знаеме дека новиот Passat Variant ќе се нуди со бензински, дизелски, хибридни и плаг-ин хибридни погони, а се очекува плаг-ин хибридниот Passat Variant да може да помине до 100 километри со полни батерии. Кога сме кај погоните, плаг-ин хибридниот Passat за прв пат стандардно ќе може да се полни и на DC брз полнач.

Новиот Passat Variant ќе ја следи дизајнерската насока која ја постави ID гамата на модели на Volkswagen. Забележуваме предни светла кои имаат форма налик на онаа кај електричните модели на Volkswagen. Секако, светлата ќе бидат достапни со IQ.Light LED Matrix технологии и ќе нудат врвно осветлување со досег од околу 500 метри.. Предните светла ќе бидат приспоени до VW знакот преку осветлена LED трака.

Профилот е карактеристичен за караван – задниот дел е долг, но тоа ветува многу простор како во кабината, така и во багажникот. Забележуваме LED задни светла, како и дискретен заден спојлер. Од Volkswagen напоменуваат дека багажникот ќе биде со капацитет од 690 литри, односно дури 1920 литри со преклопена задна клупа.

Кај Passat Variant ќе дебитира и DCC Pro со интегриран Vehicle Dynamics Manager – а тоа ветува побезбедно и подинамично управување. Адаптивната шасија ќе користи амортизери со два вентили што пак во соработка со продолженото меѓуоскино растојание ветува уште подобар комфор во кабината. Целосно-нови ќе бидат амортизерите, стабилизаторите и задната суспензија.

Volkswagen ни откри и дел од кабината на новиот Passat Variant. Од Volkswagen гордо кажуваат дека Passat Variant ќе биде поголем, покомфорен и значително поквалитетен. Пред возачот се поставени очекуваните дигитални инструменти, рачката од автоматскиот менувач е поставена кај управувачот а на централната конзола е поставен 12.9 или 15-инчен мултимедијален екран.

 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ОВДЕ!