Автомобили

Škoda ги најавува освежените Scala и Kamiq

Освежените Scala и Kamiq ќе дебитираат на 1ви Август, но Škoda веќе објави официјални скици од освежените хечбек и кросовер.

 

Škoda амбициозно ги најавува освежените Scala и Kamiq – и тоа го прави ни помалку ни повеќе, туку со изјава дека ќе добијат дизајнерски решенија и технологии од повисоките класи на автомобили. Што значи тоа?

Па во најмала рака, можеме да очекуваме затегнат дизајн – Scala добива заострени предни светла (со ЛЕД, секако), редизајнирана предна маска и значително редизајниран преден браник. На скиците гледаме и редизајниран заден браник, нови тркала, нови ознаки на задниот дел и уште неколку други ситни измени.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ОВДЕ!