Автомобили

ПРЕМИЕРА: Новиот Toyota Land Cruiser пристигнува со моќен турбодизел!

Toyota го претстави новиот Land Cruiser – легендарниот теренец се враќа кон корените и на почетокот на следната година ќе пристигне во Европа, каде ќе биде придвижуван од моќен 2.8-литарски турбодизел со 204 коњски сили!

 

Новиот Land Cruiser е базиран на GA-F платформата на Toyota која ја дели со огромниот Land Cruiser 300. Секако, бидејќи зборуваме токму за ова легендарно име, немаме воопшто причина да се сомневаме во неговите теренски способности. Toyota напоменува дека новата основа која се користи за Land Cruiser е цели 50% поцврста во однос на минатата генерација, а сето тоа би требало дополнително да придонесе кон теренските квалитети на незаменливиот теренец.

Истовремено, Toyota најави дека во Европа ќе го нуди Land Cruiser со 2.8-литарски турбодизел кој испоралува 204 коњски сили. Силата ќе ја пренесува кон сите четири тркала преку 8-брзински Direct Shift автоматски менувач и цела лепеза на заклучувачки диференцијали. Дали ќе биде овој мотор доволен за Land Cruiser? Ние веќе го возевме тековниот Land Cruiser опремен со овој мотор и немавме никакви забелешки ниту на перформансите, ниту на теренските можности – па немаме причина да се сомневаме ниту во неговиот наследник. Секако, фактот дека новиот Land Cruiser опремен со овој мотор може да влече до 3500 килограми дополнително сведочи за тоа.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ОВДЕ!