Автомобили

ПРЕМИЕРА: Новиот Mitsubishi Colt е „преоблечено“ Renault Clio

Нoвиот Mitsubishi Colt веќе им е познат на европските купувачи, бидејќи веќе го познаваме како Renault Clio.

 

Сепак, мора да напоменеме – фактот дека Colt е базиран на Clio не е никаква критика, туку баш напротив – Clio е еден од најкомпетентните продукти во сегментот. Mitsubishi веќе го претстави својот прв продукт кој е базиран на автомобил на Renault – новиот ASX е базиран врз одличниот Captur. Kaj Clio визуелните разлики се сведуваат на нова предна значка (очигледно), редизајнирана маска за ладилникот, нијанса поедноставни браници и голема Mitubishi значка на задниот дел, каде Renault значката е заменета со задна паркинг-камера.

Кабината е идентична со онаа на Clio – освен значките, секако. Добива голем, вертикално-поставен 9.3-инчен мултимедијален екран кон стандардно ќе доаѓа со Android Auto и Apple CarPlay поврзување.

Пред возачот ќе најдете 7 или 10-инчен екран, а Colt ќе ги добие сите модерни технологии кои Renault веќе ги нуди кај Clio – ветуваат препознавање на сообраќајни знаци, систем за следење на коловозната лента, темпомат, итн. Врвно-опремените верзии ќе добијат препознавање на автомобили во слепата точка, препознавање на возила при движење наназад, систем за асистенција за паркирање и 360-степенска камера.

 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ОВДЕ!