Фабриката на Audi во Neckarsulm годинава полни 150 години, а пред години и години беше сопственост на NSU – па токму затоа практиканти во Audi одлучија да трансформираат класичен NSU Prinz во нешто сосем поинакво и супер-модерно.
Која е поврзаноста меѓу Audi и NSU? Пред да го смени името во Audi, компанијата се викаше Auto Union а фабриката во Neckarsulm била сопственост на NSU. Кога Volkswagen Group ја купи комапнијата NSU во 1969 ја приспои кон Audi и ја формираше компанијата Audi NSU Auto Union AG, која пак понатаму стана едноставно – Audi.
Фабриката во Neckarsulm годинава полни 150 години, а токму во таа фабрика се произведуваше NSU Prinz. Практикантите во таа чест одлучија да конвертираат класичен NSU Prinz во модерен електричен спортски автомобил. Основа за оваа трансформација е Prinz 4L произведен во 1971-вата година.
Името на моделот? EP4 – односно Electric Prinz 4. Трансформацијата започнала со отстранување на 30-коњскиот двоцилиндерски бензинец и на негово место е вграден 240-коњски електромотор кој доаѓа од Audi e-tron. Резервоарот за гориво е заменет со батерија од плаг-ин хибридниот Audi Q7 TFSI e-quattro.