Автомобили

Повеќенаменскиот Roadiaq е најновиот студентски проект од Skoda Academy

Новиот студентски проект на учениците во Skoda е Roadiaq – преработен Enyaq кој е замислен истовремено да може да биде камп-возило и мобилна канцеларија.

 

За овој проект студентите не соработувале само со различните оддели внатре во компанијата, туку и со надворешни соработници – Cargodesign и KPS Automobile со кои соработувале за развој на дополнителните елементи од каросеријата и ентериерот.

Резултат на сето тоа? Вложени се повеќе од 2000 часови во период од 9 месеци за да се добие Roadiaq.

Благодарение на редизајнираниот кров, Roadiaq е цели 35 сантиметри повисок од Enyaq, што пак овозможува да се добие значително повеќе простор во задниот дел каде е поставена мобилната канцеларија. Во неа има работна маса, 27-инчен монитор, докинг станица за лаптоп и перманентнта интернет врска. Секако, бидејќи е канцеларија има и машина за еспресо.

Кога ќе завршите со работните обврски, канцеларијата се трансформира во простор за спиење, а тука е и шаторскиот дел со мала мобилна кујна. Меѓу другото ќе добиете и столчиња, масичка, опрема за готвење, безжични звучници, батериски сијалици и многу, многу повеќе. За да се полни сето ова вградени се соларни панели на кровот.

 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ОВДЕ!