Автомобили

Новиот 3008 ќе дебитира во Септември – уловете го и Peugeot ќе ве однесе на ексклузивно возење!

Peugeot го најавува новиот E-3008 како „целосно-нов електричен фастбек“ и најавува дека целосно ќе го претстави во Септември – но истовремено стартува натпревар каде наградата е ексклузивно возење на новиот електричен SUV!

 

Натпреварот се вика Operation #Camocatch, а она кое треба да го направите е ако го уловите маскираниот E-3008, да го фотографирате и да го објавите на некоја социјална мрежа со вклучен хаштаг #CAMOCATCH и да го означите официјалниот профил на @Peugeot. Францускиот бренд ќе ги разгледа прикачените фотографии и шест среќни избраници ќе имаат можност да го возат целосно-новиот Peugeot E-3008 на неговата медиумска презентација на почетокот на следната година. Натпреварот започнува утре (15ти Јули) и ќе трае еден месец, односно сè до 15-ти Август.

 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ОВДЕ!