Автомобили

Започнува со работа МК Ауто Експертиз – Нов центар за целосна евалуација и инспекција на возила ( превземено од carclub.mk)

Во Скопје се отвора нов центар за темелна инспекција на автомобили чија цел е да помогне во изборот на користен автомобил преку темелна проверка на сите аспекти на возилото.

 

МК Ауто Експертиз е ново име на македонскиот пазар – и компанијата од денес (23.09.2023) започнува со работа. Самите кажуваат дека се сервисно-ориентиран бизнис специјализиран за евалуација на автомобили и дека нивниот тим од експерти е посветен да обезбеди темелна проценка на користените автомобили за потенцијалните купувачи да можат да донесат информирана одлука пред да купат користен автомобил.

Новоотворениот дијагностички центар на МК Ауто Експертиз нуди темелна проверка на секое возило и тоа од неколку аспекти. Во МК Ауто Експертиз центарот функционира светлосен тунел во кој темелно се проверува состојбата на секој надворешен панел од автомобилот, се бараат корегирани или фарбани делови од каросеријата, како микро-оштетувања кои понатаму би можеле да придонесат кон оштетување на лакот. Дополнително, со спектрометар се проверува дебелината на бојата на автомобилот.

Понатаму, МК Ауто Експертиз нуди целосна проверка на подвозјето на автомобилот, како целосна дијагностика на моторот и сите сензори, модули и компоненти кои ги има возилото и кои подложат на некаква проверка. МК Ауто Експертиз има и 4WD Dynamometer за мерење на реалната моќност на секој автомобил, како и систем за проверка на сопирачките и амортизерите. Секако, дел од темелната проверка е и процесот на утврдување на точната измината километража на секое возило со цел да се избегнат секакви малверзации околу изминатите километри.

Свеченото отворање е закажано за утре, за кога е најавена и гратис проверка на 10 возила по случаен избор, а центарот ќе започне со редовна работа веќе од Понеделник, 25ти Септември.

Со оглед на непознатата историја на многу од автомобилите кои се продаваат во Македонија, ваков центар за темелна проверка е навистина потребен а ние им посакуваме многу успех во работата! МК Ауто Експертиз центарот се наоѓа на Качанички Пат, меѓу двете бензински станици на Макпетрол, односно тука. Секако, можете да ја погледнете и нивната официјална веб-страница.