Автомобили

Врвниот Mercedes-AMG GT 63 4-Door Coupe има 1196 коњски сили благодарение на Renntech

Доработките на инженерите од Renntech ослободуваат дури 1196 коњски сили и 1257 Nm вртежен момент од 4-литарскиот твин-турбо V8 на AMG.

 

Со одлични 681 коњска сила и 1000 Nm вртежен момент, не е како на Mercedes-AMG GT 63 4-Door Coupe му недостасуваше моќ. Но секогаш може да има повеќе, нели? Инженерите на Renntech ги замениле фабричките турбополначи со два нови, додале карбонски систем за дишење, пумпи за гориво со висок притисок и уште неколку други механички измени, и потоа го рекалибрирале централниот процесор за моторот да испорачува скоро неверојатни 1196 коњски сили и 1257 Nm вртежен момент.

Дополнително, софтверска рекалибрација добива и менувачот, а благодарение на погонот на сите четири тркала монструозниот Mercedes-AMG сега може да забрза до 100 километри на час за само 2.5 секунди. Четвртина милја поминува за само 9.9 секунди при брзина од 224 километри на час.

Секако, ќе добиете и карбонски аеро-додатоци, како и огромни 21-инчни тркала на преднат аоска, односно 22-инчни тркала на задната оска. Тркалата се обвиени во Michelin Pilot Sport 4S пневматици. Пакетот се заокружува со врвен издувен систем од нерѓосувачки челик.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ОВДЕ!