Автомобили

Suzuki премиерно ја претстави европската верзија на новиот Swift ( превземено од авто плус )

Четвртата генерација на Suzki Swift добива редизајниран изглед, освежен ентериер и побогата безбедносна опрема

Откако ја претстави јапонската верзија на својот субкомпактен хечбек, Suzuki премиерно ја покажа и европската варијанта на новиот Swift. Малиот автомобил, кој собра над 9 милиони продажби откако беше лансиран како глобален автомобил пред 20 години, во 2024 година добива изменет дизајн и повеќе луксузна и безбедносна опрема.

Suzuki вели дека четвртата генерација на Swift е целосно нова, но дефинитивно има голема сличност со автомобилот кој беше досега актуелен, особено кога станува збор за изгледот на предниот дел. Но, овој пат хаубата е помала, страните имаат изразена линија на превиткување, а „грпката“ во боја на каросеријата на стариот автомобил во инаку црниот Ц-столб е целосно срамнета.

Исто така, има сличен спој на старо и ново во редизајнираната кабина. Пред возачот се наоѓаат аналогни инструменти кои за волја на вистината изгледаат одлично, а на контролната табла сега се наоѓа нов 9-инчен таблет кој му дава на најновиот Swift помодерен изглед. Панелот за климатизација, исто така, мина низ преуредување за да се усогласи со другите модели на Suzuki.

Безбедност

Кога станува збор за безбедноста, Suzuki дефинитивно направи чекор напред. Системите на новиот автомобил вклучуваат помош за задржување во лента, следење на возачот и Dual Sensor Brake Support II, кој користи комбинација од снимки од камера и радар за да го предупреди возачот за автомобили, велосипеди и пешаци на неговиот пат, а исто така може да ги примени сопирачките автоматски ако возачот не реагира.

Suzuki Swift

Suzuki го следи чекорот со конкуренцијата, па така додаде електрична енергија на своите мотори со внатрешно согорување. Како и поновите верзии на актуелниот Swift, новата генерација стандардно доаѓа со блага хибридна моќност. Suzuki сè уште не ги откри бројките за моќноста или перформансите за Z12E 1,2-литарски трицилиндричен мотор, но знаеме дека е достапен со избор на погон на предните и сите тркала и е оптимизиран за слаб вртежен момент.

Како споредба, 1,2-литарскиот благ хибрид на актуелниот модел развива 83 КС и му се потребни 12,2 секунди за да достигне од место до 100 километри на час со опционалниот CVT менувач. Јапонската верзија на автомобилот од 2024 година објавена пред неколку недели доаѓа само со CVT менувач. Повеќе детали ќе бидат познати до стартот на продажбата која е закажана за на пролет 2024 година.