Škoda објави нови интересни тизер цртежи за новиот Kodiaq во пресрет на лансирањето на својот SUV следната недела
Škoda со полна пареа се подготвува за премиерата на Kodiaq, а доказ за тоа се најновите тизер цртежи кои ги објави. Желбата на чешкиот производител е да го задржи вниманието на својот водечки SUV во поставата. Тоа има смисла со оглед на тоа што моделот во заминување е убедливо најпопуларното спортско возило од чешката марка, со 841.900 продажби од неговото лансирање во 2017 година. Втората генерација на возилото е на прагот, а со новите цртежи ни се дава нов увид на екстериерот.
Како и со сите други теренци на Škoda, 2024 Kodiaq ќе ги задржи двојните светла, а севкупниот дизајн делува како еволуција, наместо радикална промена на стилскиот јазик, поради што изгледот е веднаш препознатлив.
Објавените дизајнерски скици покажуваат два различни дизајни на задните светла, но не е јасно кој од нив ќе биде достапен. Мотивот во облик на Ц е забележлив и на двете, а поистакнат е на жолтиот автомобил, додека сребрениот има светла лента која се протега низ целата ширина на задната врата. Производителите на автомобили ретко нудат автомобил со два комплети задни светла бидејќи тоа ги зголемува трошоците за производство, па ќе мора да почекаме и да видиме кој од двата ќе биде инсталиран на серискиот модел.
Škoda веќе објави дека новиот Kodiaq ќе биде 61 милиметар подолг, додека меѓуоскиното растојание ќе биде пренесено и ќе изнесува 2791 милиметри. Кај моделот со пет седишта капацитетот на багажникот скокна за 75 литри и сега изнесува 910 литри со преклопена задната клупа. Моделот со три реда максимално изнесува 845 литри. Исто така, има малку повеќе простор за главата за патниците во последниот ред отколку порано.
Различност во кабината, познати играчи под хаубата
Додека скиците сугерираат дека надворешноста ќе го следи досегашниот дизајнерски јазик, веќе откриената кабина ќе претставува големо отстапување од првата генерација на Kodiaq. Ќе има 10,25-инчен дигитален инструмент кластер, 13-инчен инфозабавен екран и три таканаречени Smart Dials со дијагонала од 1,25 инчи. Овие мали екрани ќе можат да се конфигурираат за пристап до поширок спектар на функции без да ја натрупуваат централната конзола со многу копчиња.
Поткрепен од она што Volkswagen Group го нарекува MQB Evo платформа, Kodiaq за 2024 година ќе биде придвижуван од вообичаените агрегати: 1.5 TSI, 2.0 TSI и 2.0 TDI – сите ќе бидат поврзани со двојна спојка, со седумстепен автоматски менувач. Најголемата новост под хаубата ќе биде plug-in хибрид базиран на 1.5 TSI и поврзан со шестстепен DSG. Во зависност од моторот, некои верзии имаат погон на предните тркала, додека други доаѓаат со AWD.
Светската премиера е предвидена за 4 октомври.