Автомобили

Opel Astra добива благ хибриден погон ( превземено од авто плус )

Системот од 48 V кај Opel Astra Hybrid ги намалува емисиите на CO2 и ја подобрува потрошувачката на гориво за 14 проценти

Opel Astra e еден од најпродаваните модели на европско тло, а со цел да ја задржи неговата конкурентност и да ја збогати понудата, Stellantis одлучи да додаде благ хибриден погон во поставата, проширувајќи ја гамата на моделот заедно со постоечките бензински, plug-in хибридни и целосно електрични опции.

И хечбекот и караванот (Sports Tourer) на Astra го добиваат препознатливиот турбо мотор од 1,2 литри, неодамна зајакнат со систем од 48 волти. Според компанијата, додавањето на благ-хибридна технологија ги намалува емисиите на CO2 и потрошувачката на гориво за 14 отсто во споредба со неелектрифицираниот 1.2 Turbo со осумстепен автоматски менувач.

Opel Astra Hybrid

Моторот со внатрешно согорување произведува 136 КС и 230 Nm вртежен момент, додека електричниот мотор кој е интегриран во шест-брзинскиот автоматски менувач со двојна спојка додава 29 КС и 55 Nm вртежен момент. За време на сопирањето, е-моторот ја полни малата литиум-јонска батерија од 48 V што е поставена под левото предно седиште за да не го загрози просторот на багажникот.

Намалена потрошувачка

Opel тврди дека благиот хибриден систем е доволно силен за Astra да работи во чисто електричен режим до 50 проценти од времето во урбаните средини. Како резултат на тоа, емисиите на CO2 во мешаниот циклус според WLTP изнесуваат 113 г/100 км за хечбекот и 115 г/100 км за Sports Tourer. Понатаму, бројките за потрошувачката на гориво се намалени на 5 л/100 км и 5,1 л/100 км.

Opel Astra Hybrid

Што се однесува до перформансите, Opel Astra забрзува од место до „стотка“ за 9 секунди, со максимална брзина од 210 километри на час.

Визуелно, Astra Hybrid ја одржува естетиката на остатокот од поставата, со исклучок на дискретен амблем на задната врата. Внатре, 10-инчната дигитална инструмент табла има нова графика што го прикажува протокот на енергија, а бројките стануваат сини кога моторот со согорување е неактивен.

Новата Opel Astra Hybrid сега е достапна за нарачка низ Европа, со цени кои започнуваат од 36.430 евра во Германија. За споредба, слично моќниот неелектрифициран бензински погон започнува од 32.660 евра.