Автомобили

Kia додава дизајнер од BMW и Bentley во својот тим

Kia во својот тим го додава John Buckingham кој порано беше дизајнер во BMW и креативен директор на BMW Designworks USA.

 

Дизајенерот со британско потекло поголемиот дел од својата кариера го помина во BMW. По 13 години во BMW каде (меѓу другото) беше задолжен за 8 Series Concept кој понатаму резултираше со сериски автомобил. Во 2018 од BMW замина во Bentley каде го дизајнираше иконскиот EXP 100 GT Concept како и супер-луксузниот Mulliner Bacalar. Мината година отиде кај „почетниците“ во Faraday Future каде го дизајниранше нивниот знаменосец – FF91.

„Се радувам што ќе соработувам со исклучителни колеги за ефикасно да ја примениме Opposite United дизајнерската филозофија во дизајнот на екстериерите на Kia“ – изјави John Buckingham и додаде – „Ќе целам да обезбедам нова димензија на дизајнерски можности.“

Kia продолжува да го зајакнува својот тим со исклучителни професионалци – корејскиот бренд е