Најголемата промена која Hyundai ја направи на i20 N-Line е почистата решетка каде е отстранета препознатливата шема со карирано знаме
Hyundai го ревидираше својот i20 N-Line, но промените се сепак мали. Автомобилите на N Line имаат некои од исти стилски детали за внатрешен и надворешен изглед што би можеле да ги очекувате кај целосните Hyundai N перформансни модели, но без никакви подобрувања на самите перформанси.
Така, i20 N Line остава прооден впечаток на вистинскиот хот-хеч i20 N. N Line, исто така, изгледа убедливо спортски одвнатре со големите седишта, перфорираната кожа на управувачот со ознаката N и менувачот и црвените акценти на контролите и на шевовите на тапацирот.
Сите тие елементи се пренесуваат на освежениот автомобил. Она што се промени е решетката, која сега има поконвенционален изглед наместо ефектот на карирано знаме што се користеше на стариот автомобил. Во секој случај, N Line е сè уште визуелно привлечен пакет.
Другите промени вклучуваат нов сет од 17-инчни алуминиумски тркала и додавање на разнобојно амбиентално осветлување во кабината каде што исто така ќе откриете дека мапата, внатрешните светла и штитниците за сонце се надградени со LED технологија. Hyundai не спомна никакви ажурирања под хаубата, што значи дека сè уште се задоволува со 1,2-литарскиот благ хибриден четирицилиндричен мотор со 120 КС, на кои му требаат 10,1 секунди за да достигне 100 км на час. Вистинскиот N, пак, добива 204 КС од својот турбо 1,6-литарски агрегат и од нула до „стотка“ потребни му се само 6,2 секунди.
Сепак, тоа ќе се промени во блиска иднина бидејќи според информациите, Hyundai ги укинува i20 N и i30 N од европскиот пазар и во иднина ќе се фокусира само на електрични хот хеч модели, што значи дека i20 N-Line ќе биде нешто најблиску до она што досега доаѓаше од корејската компанија кога станува збор за хот хеч изглед.