Genesis го претстави новиот GV80 Coupe, a исто така, ja покажа фејслифтираната верзија на GV80 кои ги добива истите надградби
Genesis го претстави целосно новиот GV80 Coupe во Кореја, заедно со фејслифтираната верзија на „обичниот“ GV80. Стилот на понудата на првиот купе SUV на производителот останува верен на концептот што го претстави, додека внатрешноста добива сосема нов дисплеј од 27 инчи, кој исто така е наследен од стандардниот GV80.
Напред, моделите изгледаат слично, со поспортски отвори на браниците во споредба со претходно освежениот GV80 што го доближува до GV70. Сепак, повнимателниот поглед открива дека GV80 Coupe има дополнителни отвори под Crest Grille решетката, додека GV80 добива малку поинаков дизајн за заштитната плоча на подвозјето.
Движејќи се кон задната страна, сериската верзија на GV80 Coupe не ги добива LED задните светла со целосна ширина кои се најдоа на концептот, туку ја отсликува поаеродинамичната линија на покривот и интегрираниот заден спојлер. Задниот браник исто така се разликува од стандардниот GV80 со црна облога околу дифузорот и четирите издувни цевки.
Genesis додаде нови опции за алуминиумските тркала со димензии 19, 20 или 22 инчи со два специфични дизајни за GV80 Coupe. Палетата на бои е збогатена со нова Storr Green нијанса достапна во сјајни и мат завршетоци и Bering Blue наменета за купе верзијата.
Во однос на димензиите, GV80 Coupe има должина од 4.965 милиметри, што е за 25 мм подолго од GV80 поради малку растегнатиот заден надвисок. Купе SUV е исто така понизок за 5 мм поради пропустот на шините на покривот, додека ширината и 2.955 милиметри долгото меѓуоскино растојание го пресликуваат стандардниот GV80.
Повеќе технологија во премиум ентериерот
Внатре, највпечатлив момент е новиот 27-инчен OLED дисплеј, кој ги спојува дигиталниот инструмент кластер и инфозабавата во една единица. Централната конзола е исто така редизајнирана со комбинација на контроли чувствителни на допир и физички копчиња за клима уредот, нова фиока за бежично полнење на телефони и поголеми држачи за чаши.
Висококвалитетните материјали како кожа, алуминиум и дрво сочинуваат врвен амбиент во комбинација со двобојниот волан во стилот на Bentley и амбиенталното осветлување. Други премиум карактеристики на опремата вклучуваат дисплеј на задните седишта од 14,6 инчи, контрола на климата во четири зони, систем за мириси, потпирачи за раце со греење, копчиња слични на кристали и звучен систем Bang & Olufsen. GV80 Coupe има управувач со рамно дно, метални акценти на педалите и ексклузивни внатрешни пакети со различни комбинации на бои во споредба со GV80.
До 409 КС со V6 моќност за GV80 Coupe
Ажурираниот GV80 е достапен или со турбо 2,5-литарски четирицилиндричен мотор кој произведува 304 КС и 422 Nm, или турбо 3,5-литарски V6 со 380 КС и 530 Nm. Покрај овие опции, GV80 Coupe се нуди и со помоќна верзија на 3,5-литарскиот V6 со 48V електричен компресор кој ја зголемува моќноста на 415 КС и 549 Nm вртежен момент. Истиот мотор се нуди и кај седанот G90.
Возачите на GV80 Coupe исто така имаат пристап до активен издувен систем за поспортски звук и можат да ја прилагодат реакцијата на педалата на сопирачката. Понатаму, најмоќниот GV80 Coupe добива ексклузивен режим на возење Sports+, контрола на лансирање и нова графика за дигиталната инструмент табла што прикажува температура на маслото, вртежен момент и турбо притисок.
Двата модели на GV80 добиваат софистицирани системи како што се Preview Electronic Control Suspension, автоматски теренски режим добиен од вештачка интелигенција и надграден пакет ADAS кој ја подобрува безбедноста заедно со 10-те воздушни перничиња.
Продажбата на Genesis GV80 и GV80 Coupe од 2024 година ќе започне од нивниот домашен пазар во Кореја. Моделите ќе стигнат до австралискиот пазар во вториот квартал на 2024 година, а другите пазари – вклучувајќи ја и Европа – ќе следуваат во блиска иднина.