Автомобили

BMW подготви освежување и за M4 Coupe и M4 Convertible ( превземено од авто плус )

Нови предни светла, нов дизајн за тркалата и неколку измени во внатрешноста се дел од освежувањата на BMW M4

По претставувањето на фејслифтираната Серија 4, BMW носи надградби и М4.

Додека повеќето промени се фокусирани на мали измени во екстериерот и ентериерот, најголемата вест е дека кабриолетот и купето M4 Competition xDrive од 2024 година ќе добијат 20 дополнителни коњски сили. Тоа ја зголемува моќноста на M4 на 530 КС.

Зголемувањето на моќноста кај моделите M4 Competition со погон на сите тркала не се претвора во побрзо време на забрзување или зголемување на максималната брзина. Купето M4 Competition xDrive од 2024 година сепак ќе забрза до „стотка“ за 3,4 секунди, односно за 3,6 секунди за кабриолетот – исто како и претходниот модел. Максималната брзина е стандардно ограничена на 249 км/ч, иако опционалниот пакет за М Driver ја зголемува на 290 км/ч за купето или 280 км/ч кабриолетот.

BMW M4 Competition со погон на задните тркала останува на 510 КС, додека основната М4 продолжува да *кашла* со 480 КС. Основниот M4, исто така, го задржува својот шестстепен мануелен менувач на огромно задоволство на ентузијастите и традиционалистите.

Екстериер

Она што веројатно нема да ги импресионира се минималните промени на надворешноста на М4. Иако не се очекуваше револуција, промените се навистина незначителни. Напред, има редизајнирани фарови. Од BMW велат дека новиот изглед е пофункционален, со тоа што кратките и долгите светла сега се вградени во истиот LED модул. Во меѓувреме, новите дневни светла со нов дизајн се удвојуваат како трепкачи.

Поместувајќи се на задниот дел, задните светла се подобрени, со технологијата што се наоѓа кај ограниченото издание на BMW M4 CSL. BMW го нарекува ласерска технологија, а ефектот е зачудувачки. Значката BMW M на капакот на багажникот сега е обрабена со сребрена боја, додека заоблените опкружувања се обработени во сјајно црна боја. Тука е и новиот сет на М дизајнерска графика на располагање за хаубата и капакот на багажникот.

BMW M4 Coupe M4 Convertible

Малку поинтересен е новиот избор на тркала, па така, автомобилот сега може да биде опремен со уште една опција на М тркала од лесна легура во светло сребрена боја.

Ентериер

Во кабината се истакнува новиот дизајн за стандардниот волан, кој има рамно дно, изменети краци и црвена лента на 12 часот. Исто така, за прв пат можете да го добиете истиот дизајн во Алкантара.

Останатите промени во внатрешноста се ограничени на нивото што доаѓа стандардно во темен графитен мат финиш, додека пак како опција се нуди полиран алуминиумски трим. BMW исто така го подобри и опционалниот тапацир на контролната табла Sensatec.

Заоблениот дисплеј на BMW останува, кој се состои од 12,3-инчен дигитален инструмент кластер и 14,9-инчен инфозабавен екран поставен во центарот на контролната табла. Благодарение на новиот BMW Operating System 8.5, новиот софтвер им овозможи на дизајнерите да го намалат бројот на физички копчиња. Кабината исто така сега има редизајнирана табла со инструменти, нови прекинувачи за отворите за HVAC на контролната табла, плус уште повеќе амбиентално осветлување.

Новите изданија на BMW M4 Coupé и BMW M4 Convertible ќе се произведуваат во фабриката на BMW Group во Динголфинг. Лансирањето на новите модели на светскиот пазар ќе започне со почетокот на производството во март 2024 година.