Автомобили

Black Badge Ghost Ekleipsis е ново ремек дело на Rolls-Royce ( превземено од авто плус )

Rolls-Royce го претстави ексклузивното издание на Black Badge Ghost наречено Ekleipsis, со уникатни надворешни и внатрешни спецификации инспирирани од небесниот феномен на затемнувањето на Сонцето. Моделот е ограничен на 25 единици, кои веќе се продадени.

Целосното име на моделот е Rolls-Royce Black Badge Ghost Ékleipsis Private Collection. Главната нијанса за екстериерот е темен Lyrical Copper со специјален третман со „пигмент од бакар во прав“ кој создава ефект на iridescence под светлината. Мандаринските акценти на доводите на браникот, рачно насликаните елементи на каросеријата, централни капачиња и клешти на сопирачките, личат на бојата на сонцето додека се крие зад Месечината во етапите што водат до целосно затемнување.

Rolls-Royce Black Badge Ghost Eklipsis

Внатрешноста е малку подраматична од надворешноста, при што боите со висок контраст потсетуваат на претходните изработки на Mansory. Темата „Panoramic Sunset“ ги комбинира Mandarin и црна боја за перфорираниот кожен тапацир на седиштата во две бои. Облогата на контролната табла ги прикажува фазите на целосното затемнување на Сонцето  за кои се потребни над 100 часа за да се завршат. Понатаму, аналогниот часовник е украсен со сјаен дијамант од 0,5 карати интегриран во безелот направен по нарачка. Дизајнерите на Rolls-Royce додадоа осветлени странични прагови и Mandarin цевки на чадорите поставени на вратата.

Rolls-Royce Black Badge Ghost Eklipsis

Анимиран Starlight Headliner

Сепак, врвниот момент во ентериерот на Black Badge Ghost Ekleipsis е анимираната верзија на Starlight Headliner, со црна област во средината опкружена со 940 ѕвезди и уште 192 ѕвезди расфрлани наоколу. Оваа анимација го повторува ефектот на затемнување на Сонцето секој пат кога вратите се затвораат и возачот ќе го запали моторот. Спектаклот останува видлив 7 минути и 31 секунда, што е најдолго можно времетраење на целосно затемнување на Сонцето. По тоа времетраење, хедлајнерот се враќа на вообичаениот ефект на ѕвезденото небо, како и кај сите други модели на Rolls-Royce.

Специјалното издание се заснова на перформансниот Black Badge Ghost, кој доаѓа со помоќна верзија на 6,75-литарскиот битурбо V12 мотор кој произведува 600 КС. Моќта се пренесува на сите четири тркала преку осум-степен автоматик, при што планарната суспензија специфична за Ghost се грижи за препознатливото возење на „магичен тепих“.

Компанијата не ја откри цената на приватната колекција Black Badge Ghost Ékleipsis, но откри дека 25-те примери веќе се доделени на „клиенти ширум светот“.