Автомобили

Audi го освежи S3 со поголема моќност и повеќе технологија ( превземено од авто плус )

Германскиот производител подготви серија подобрувања и ажурирања за S3 Sportback и S3 Sedan за моделската 2025 година

Еден месец откако Audi A3 беше ажуриран за моделската 2025 година, и спортските S3 Sedan и S3 Sportback се надградени со повеќе моќност и подобрена динамика на возење.

При ажурирањето на S3 за 2025 година, инженерите на Audi направија промени на 2,0-литарскиот TFSI четирицилиндричен мотор кој сега испорачува 328 КС и 420 Nm вртежен момент, солидно зголемување од 22 КС и 20 Nm во однос на актуелниот модел. Новиот модел може да забрза од место до „стотка“ за 4,7 секунди и да достигне до ограничена максимална брзина од 250 километри на час.

Од Audi велат дека кога новиот S3 се вози со постојана брзина со мало до средно забрзување, турбополначот останува на константни вртежи во минута за да ги подобри перформансите. Измени се направени и во седумстепениот S tronic менувач, со што се намалува времето на менување при целосно оптоварување за половина. Новиот модел, исто така, го има истиот разделувач на вртежниот момент како RS 3, овозможувајќи целосно променлива распределба на вртежниот момент помеѓу задните тркала.

Механички подобрувања

Не се само промените во моторот и менувачот кои ветуваат дека ќе го направат освежениот S3 подобар. Новиот модел има шест режими на возење, вклучувајќи го и режимот Dynamic Plus кој го принудува разделувачот на вртежниот момент да испрати колку што е можно повеќе вртежен момент на задната оска и на задното тркало од надворешната страна на кривината, обезбедувајќи му на автомобилот тенденција да се пренасочува. Одговорот на гас е исто така подобрен во овој режим.

Инсталирани се и поцврсти попречни рамења и лежишта за вртење, прогресивното управување е оптимизирано, а спортската суспензија S доаѓа стандардно, намалувајќи ја висината на возењето за 15 мм во споредба со стандардниот A3. Селективната контрола на вртежниот момент за сопирање на тркалата на внатрешната страна на кривината, исто така, е оптимизирана за 2025 година. Има и засилени сопирачки со предни дискови од 357 мм и нови шапи со два клипа.

Audi S3 2025

Дизајнерски промени

Потоа доаѓаме до дизајнот. Има нова решетка со една рамка, дотерани LED и LED Matrix фарови и дневни светла што може да се конфигурираат. Кабината исто така добива нов менувач, отвори за воздух, систем за амбиентално осветлување и ткаенини со позадинско осветлување на предните врати. Други карактеристики кои се наоѓаат во S3 вклучуваат црна облога на покривот, педали од не’рѓосувачки челик, алуминиумски акценти, спортски седишта и некои делови од карбон.

Audi S3 2025

Audi S3 за 2025 година ќе се појави во салоните низ Европа овој квартал со цени почнувајќи од 55.600 евра.