Автомобили

ПРЕМИЕРА: Fiat Panda 4X40° во чест на 40-годишнината на Panda 4X4

Малата Fiat Panda 4X4 успева да стигне онаму каде многу поголеми, помоќни и поскапи автомобили не успеваат – и во чест на 40-годишнината од првата Panda 4X4, Fiat подготви специјален, славенички модел.

 

Специјалната Fiat Panda 4X40° е базирана на несекојдневната Panda Cross, но добива неколку специјални славенички детали. Каросеријата е во Ivory бела боја, а страничните пластики кои се во боја на каросеријата добиваат специјални 4X40° ознаки во црвена боја.

Детал кој особено ни се допаѓа е малата силуета на Panda во црвена боја под страничните прозорци. Дополнително, добива и фантастични 15-инчни челични тркала во бела боја кои имаат и специјални централни капачиња. Дополнително, Panda 4X40° добива и црвени кукички за влечење, црни кровни носачи и затемнети стакла.

Кабината добива слична бела боја на седиштата и на централната конзола. Седиштата се делумно обвиени во рециклирани материјали и имаат двојни шевови и црвени детали.

Секако, и во кабината добиваме 4X40° ознаки, но и интересни декоративни силуети во форма на првата и третата генерација на Panda, покрај ознаки 1983 и 2023. Дел од стандардната опрема е 7-инчен мултимедијален уред, управувач и рачка од менувачот обвиени во кожа, автоматски клима-уред, електрично-загревани ретровизори и уште многу други ситници.

Немаме информации околу моторизацијата, но знаеме дека Panda 4X40° ќе добие погон на сите четири тркала – и би било навистина срамота ако не беше така. Силата ќе се пренесува кон сите четири тркала преку 6-брзински мануелен менувач.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ОВДЕ!