Освеженото издание на Opel Corsa ја доживеа својата премиера во Македонија. На специјален настан организиран од страна на Еуроимпекс, обновената Corsa ја доживеа својата премиера пред македонската публика.
Бестселерот во гамата на Opel, со продадени 14 милиони примероци во 6 генерации, пристигнува со освежен изглед, подобра технологија и поголема моќност. Новиот изглед сега е помодерен и стилски, а кога станува збор за дизајнот, сега имаме прочистен екстериер и ентериер, со што освежената Corsa добива чисти линии и прочистен стил.
Дизајн
На предниот дел и понатаму се наоѓа сјајната црна предна маска позната како Opel Vizor кој ги интегрира новите предни LED светла кои се достапни дури и во стандардното ниво на опременост. Тука се и прилагодливите LED Матрикс предни светла без отсјај, со 7 LED елементи во секој фар. На задната страна, пак, испишано е името „Corsa“ под кое се наоѓа и новот спортски заден браник.
Во ентериерот Opel зазеде холистички пристап со нов интуитивен инфозабавен систем базиран на Snap Dragon Cockpit платформата и 10-инчен екран, дополнет со опционалална дигитална инструмент табла од 7 инчи. Ергономските седишта се одликуваат со нова ткаенина и светли материјали кои ја акцентираат пространа внатрешност, а во согласност со новата визија на компанијата, Greenovation, употребени се вегански материјали и отстранет е хромот од употреба.
Освежената Opel Corsa ќе се нуди со нови нивоа на опременост, со два пристапа: Edition ниво на опременост, рафиниран со побогата сериска опрема, како паркинг сензори назад, автоматски брисачи, како и GS ниво на опременост.
Погон
Под хаубата се наоѓаат бензински мотори од 75КС до 100КС, а новина е благиот хибриден погон од 48 волти. Овој мотор се добива во комбинација со седум степен автоматски менувач со двојна спојка. Електричната верзија Corsa Electric, сега доаѓа со подобрена автономија на движење со едно полнење до 357 километри благодарение на 50 kWh батерија и моќност од 136 КС, или пак Corsa Electric Long со 51 kWh батерија и автономија до 405 километри според WLTP циклусот на тестирање и 156 КС на располагање.
Она што е најважно за клиентите секако е времето на полнење, кое сега до 80% на брз полнач се исполнува за време од 30 минути или прилагодено на енергетската мрежа со Wallbox, трофазен од 11KW полнењето ќе биде до 5 часа и 15 мин или кај Electric Long до 3 часа.
Новата Opel Corsa e конструирана во Руселсхајм, а ќе се произведува во фабриката на Opel во Зарагоса, во Шпанија. Кога станува збор за македонскиот пазар, базичниот модел на Corsa со 1,2-литарскиот бензинец со 75 КС во Edition ниво на опременост ќе има цена од 17.400 евра, додека највисокото ниво на опременост, GS Line, кој на располагање има 130 КС и доаѓа со автоматски менувач, ќе се продава по цена од 23.320 евра.
Во моментов актуелна е промо понудата од 16.500 евра на верзијата со Edition ниво на опременост и бензински мотор со 75 КС. За повеќе информации посетете го продажниот салон на Opel во Скопје, дилерската мрежа, или пак посетете го официјалниот сајт на Opel во Македонија.