Во продажниот салон на BMW во Скопје пристигна новиот X2, со што кросоверот е достапен за македонските купувачи.
Втората генерација на кросоверот пристигнува со обновен дизајн и нови технологии кои го носат севкупниот впечаток на едно сосема ново ниво.
Кога станува збор за дизајнот, новиот X2 се одликува со купе форма додека исправениот преден дел, лаковите на тркалата и задниот дел оддаваат силен впечаток, правејќи го кросоверот да изгледа позрел од неговиот претходник. Инаку, како и претходно, X2 е базиран на X1, но она што го разликува од својот „брат“ се предните светла специфични за моделот, свежиот изглед на задните светла и опционалното осветлување на решетката на BMW.
Новиот X2 е поголем во однос на неговиот претходник со должина од 455,4 сантиметри, ширина од 184,4 цм и висина од 159 цм. Меѓуоскиното растојание на X2 од 269,2 сантиметри е идентично со она на X1.
Внатрешноста е попространа отколку кај стариот X2. Просторот за колена на задните седишта е зголемен за 25 милиметри, додека товарниот простор може да собере до 716 литри со сите пет седишта во употреба. Фокусот е на заоблениот дисплеј на BMW и интелигентниот персонален асистент на BMW, придвижуван од новиот iDrive 9, кој првпат беше лансиран на BMW X1 M35i xDrive. Екранот се состои од 10,25-инчен дисплеј за возачот и 10,7-инчен инфозабавен уред, кои се спојуваат зад заоблената стаклена површина.
Погонската понуда е составена од неколку различни мотори, започнувајќи со бензинците X2 sDrive 18i, sDrive 20i, xDrive20i и xDrive 25i, преку дизелската варијанта X2 sDrive18d. На врвот на понудата е најмоќната варијанта X2 M35i xDrive со 2,0-литарски турбо мотор со четири цилиндри со 296 КС и 400 Nm вртежен момент.
Цените на BMW X2 во Македонија стартуваат од 48.000 евра. За повеќе информации посетете го продажниот салон на BMW во Скопје