Автомобили

Новиот Peugeot E-Traveller доаѓа со подобрен опсег, технологија и стил ( превземено од авто плус )

Eлектричното патничко комбе на Peugeot, E-Traveller, сега ќе може да помине до 350 километри со едно полнење и доаѓа со нов изглед

Peugeot ја претстави ажурираната верзија на своето целосно електрично комбе E-Traveller, сега способно да помине многу поголем опсег со едно полнење, а добива и некои нови стилски елементи. Достапен во две опции за должина, E-Traveller се придружува на низата ЕВ патнички комбиња во палетата на Peugeot, вклучувајќи го и новиот E-Rifter.

 

 

Клучните подобрувања во однос на претходниот модел на Peugeot E-Traveller вклучуваат 50 отсто поголем пакет батерии кој сега има 75 kWh. Ова му дава на новото комбе 350 километри опсег на движење со едно полнење, значително зголемување во однос на 230 километри колку што имаше претходниот модел. Со цел да се оптимизира опсегот на движење, освежениот E-Traveller располага со нов регенеративен систем на сопирање кој може да се активира на три различни нивоа. Оваа поголема батерија го напојува истиот електричен мотор со 136 КС и 260 Nm кој го испраќа погонот до предните тркала, додека максималната брзина изнесува 130 километри на час. Достапни се три режими на возење – Eco, Normal и Power.

Капацитетите за полнење се непроменети од поранешниот модел E-Traveller. Освежениот модел нуди 7,4 kW полнење со наизменична струја со 11 kW трифазен полнач достапен како опција, како и можност за полнење до 100 kW на еднонасочна струја, за што се потребни 45 минути за полнење помеѓу 10 и 80 проценти.

E-Traveller ќе биде достапен и во Standard и во Long форма, со должина од 4,98, односно 5,33 метри, но ја задржува претходната ширина од 1,9 метри која ќе биде адут за минување низ тесните градски улици.

Дизајн

Во ентериерот, ажурираната кабина сега располага со нов 10-инчен центар за инфозабава и дигитален инструмент кластер кој е споделен со патничките модели на Peugeot, плус Apple CarPlay и Android Auto, и е стандарден дел од поставата. Контролната табла ја има новата контрола на менувачот e-Toggle. Доаѓа и со низа различни технологии во зависност од избраната спецификација. Ова вклучува безжично полнење на телефонот и до четири USB-C точки.

E-Traveller ќе се нуди со избор помеѓу 5 и 9 седишта, вклучително и Business VIP верзија која содржи четири индивидуални кожни седишта, луксузна завршна обработка и опрема во внатрешноста и затемнет стаклен покрив. Во конфигурација со девет седишта, багажниот простор ветува 1.500 литри, додека во верзијата со пет седишта, истиот изнесува 3.000 литри.

Peugeot E-Traveller

Однадвор, новиот E-Traveller ги содржи најновите дизајнерски елементи на Peugeot, вклучително и тројно осветлување во LED фаровите, како и новиот дизајн на предната решетка каде е интегриран и новиот знак на марката, заедно рестилизираниот долен браник кој е оптимизиран за поголема заштита, аеродинамика и ефикасност.